• среда, 25 декември 2024

Пекабеско предвремено ги исплати обврските кон државата како поддршка во националната борба со коронавирусот

Пекабеско предвремено ги исплати обврските кон државата како  поддршка во националната борба со коронавирусот
Број на објава:631/03/20                                                Датум: 31.03.2020  Клучни зборови:Пекабеско     Пекабеско изврши аконтативна уплата на целокупниот пресметан данок на добивка за 2020 година во висина од 8.833.000 денари и со тоа се приклучи на иницијативата на Владата и Министерството за финансии која има за цел давање конкретен придонес во националната борба против коронавирусот. „Сакаме да дадеме конкретна поддршка со цел во овие тешки моменти државниот буџет да се одржи во стабилна кондиција. Со овој потег ја поддржуваме и работата на медицинскиот персонал, безбедносните сили и сите директно вклучени во спроведување на мерките за превенција на населението од овој вирус. Важно е сите да работиме заедно со цел ваквата состојба поскоро да заврши, а ги повикуваме нашите соработници и други компании да ги следат ваквите чекори на бизнис заедницата бидејќи денес е повеќе од неопходно секој да го даде својот придонес во рамки на своите можности“, истакна Слободан Кутревски, Прв извршен директор на Пекабеско. Пекабеско како лидер во производството на сувомесни производи и логистичко-дистрибутивната дејност целосно ги почитува и применува највисоките стандарди за безбедност во процесот на производство и дистрибуција на храна, вклучувајќи ги тука и HACCP стандардот, како и меѓународниот стандард ISO 22000:2005. „Дополнително, ги зајакнавме превентивните мерки, а целосно ги имплементираме и сите препораки кои се доставени од страна на здравствените власти и Владата во насока на максимална заштита на вработените во производствениот и логистичко-дистрибутивниот процес. Безбедноста и здравјето при работа, како и високиот квалитет на Пекабеско производите е и останува наш врвен приоритет.“, посочува Кутревски. Од Пекабеско цеосно ги почитуваат мерките што ги презеде Владата на почетокот на месецов за замрзнување на цените на своите производи. Од компанијата веќе дале апел и препорака кон малопродажните објекти да ја следат ваквата одлука, односно да не се практикува покачување на цените и покрај зголемената побарувачка на прехранбени производи. За да се избегне групирањето и користењето на јавен превоз како една од препораките за намалување на можноста од проширување на коронавирусот, Пекабеско на своите вработени им обезбеди и дополнителен финансиски надомест со цел користење на возило до и од работното место.     МИА - ОТС Комерцијални соопштенија  Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Тагови

Остани поврзан