• четврток, 09 април 2026

Пезешкијан: Прекинот на огнот во Иран е плод на крвта на покојниот ајатолах Али Хамнеи

Пезешкијан: Прекинот на огнот во Иран е плод на крвта на покојниот ајатолах Али Хамнеи

Техеран, 8 април 2026 (МИА) - Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денеска изјави дека прекинот на огнот е „плод на крвта“ на покојниот ајатолах Али Хамнеи.

- Прекинот на огнот, со прифаќање на општите принципи што ги сакаше Иран, е плод на крвта на нашиот голем маченички лидер Хамнеи и постигнување присуство на сите луѓе на самото место. Од денеска па натаму ние ќе останеме заедно. Без разлика дали е во областа на дипломатијата, дали е во областа на одбраната, дали е на улица, дали е во арената на обезбедување услуги - објави Пезешкијан на „Икс“.

Премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, утрово соопшти дека Иран, САД и нивните сојузници договорија прекин на огнот, што стапува во сила веднаш и ги опфаќа сите зони на судирот.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, беше убиен на 28 февруари, на првиот ден од американско-израелскиот напад врз Иран. Актуелен ајатолах е неговиот син Моџтаба. ми/сд

фото: ДПА

Остани поврзан