• недела, 24 ноември 2024

„Пежо“ ја раскина соработката со Ѓоковиќ

„Пежо“ ја раскина соработката со Ѓоковиќ
Париз, 1 март 2022 (МИА) - Францускиот автомобилски гигант „Пежо“, еден од главните спонзори на Новак Ѓоковиќ, одлучи да ја раскине долгогодишната соработка со српскиот тенисер. Француската компанија во текот на јануари, додека траеше скандалот околу Ѓоковиќ и неговиот можен настап на Австралија Опен, јавно објави дека целата ситуација поврзана со српскиот тенисер нема да влијае на нивното партнерство. Сепак, еден месец подоцна, соработката е прекината, а причината за тоа, според британските медиуми, е ставот на Ѓоковиќ за време на пандемијата на коронавирусот и неговото мислење околу вакцинацијата. Соработката меѓу Ѓоковиќ и „Пежо“ започна во 2014 година, а нејзиниот крај дојде ден откако српскиот тенисер му го „препушти“ на Русинот, Данил Медведев местото број еден на АТП ранг-листата. ег/ми/  

Остани поврзан