• четврток, 26 декември 2024

Педро сака да се врати во Шпанија по завршување на договорот со Лацио

Педро сака да се врати во Шпанија по завршување на договорот со Лацио

Мадрид, 30 март 2022 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Лацио, Педро изјави дека во иднина би сакал да се врати во Шпанија.

- Мојот договор со Лацио е до 2023 година. Штом ќе заврши, ќе размислам што можам понатаму. Мислам дека можам да играм фудбал уште една или две години. Во иднина би сакал да бидам поблиску до Барселона, бидејќи моето семејство е таму, го цитира Шпанецот „Марка“.

Да потсетиме, минатото лето, 34-годишниот Педро се пресели од Рома во Лацио, каде повторно соработува со својот поранешен тренер од Челзи, Маурицио Сари.

Оваа сезона Педро на 29 натпревари во Серија А постигна осум гола и оствари четири асистенции. зс/

Остани поврзан