• недела, 24 ноември 2024

ПГ на ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците од мнозинството ја опструираат работата на комисиите

ПГ на ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците од мнозинството ја опструираат работата на комисиите
Скопје, 22 септември 2021 СДСМ повторно лаже и ја извртува вистината. Токму СДСМ и нивните пратеници се тие кои што секојдневно ја уриваат парламентарната демократија и оневозможуваат нормално функционирање на Собранието. Пратениците од мнозинството се тие кои што ја опструираат работата на Комисиите преку цензура на пратениците од опозицијата. Оттука, сакаме да нагласиме дека нашата намера беше на Комисијата за труд и социјална политика најпрво да се дискутира за вистината и да се утврди одговорноста за катастрофата која што се случи во болницата во Тетово. Таа е темата за која што треба да дискутираме. Очигледно, тоа некому му пречи. Очигледно, некому вистината го боли. Провиден е обидот на СДСМ да ја заташка оваа трагедија со законски решенија кои што токму СДСМ целиот мандат ги збори, а ништо не прави. Доколку имаа искрена намера, тоа ќе го стореа многу порано, а не на 5 дена пред почеток на кампања. Колку се неспособни покажува фактот дека токму сега, на 20 дена пред избори, законот за работни односи не е донесен иако досега имаа безброј можности, но тие мнозинството од 61 пратеник си го користеа за Закон за марихуана односно за законите на фамилијата Заеви и нивните бизнис интереси. Македонската јавност гледа дека четири години владејачкото мнозинство не е ништо друго освен гласачка машина на СДСМ и Зоран Заев. Ништо друго не ги интересира. Ниту граѓаните и нивните секојдневни проблеми, ниту лошата економска состојба во државата, ниту пак катастрофалното здравство. Едноставно што ги интересира се тендерите, провизиите и бизнис зделките. Од тие причини, сакаме да упатиме порака дека срамно и лицемерно е СДСМ да се повикува на маките и барањата на работниците, а од друга страна четири години да ги лаже, манипулира и замајува. Господа од СДСМ, имавте доволно време, имавте цели четири години да покажете на работниците, но и на сите останати граѓани дека навистина се грижите и работите за нивните интереси, но вие го докажавте токму спротивното. Заврши времето на лаги и манипулации. Дојде време народот да одговори и да каже што мисли за СДСМ. Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан