• четврток, 26 декември 2024

Пајат: Ја цениме решителноста на Грција да најде дипломатски решенија за тензиите во Источниот Медитеран

Пајат: Ја цениме решителноста на Грција да најде дипломатски решенија за тензиите во Источниот Медитеран
Атина, 3 септември 2020 (МИА) - Турските актвности и ситуацијата во Источниот Медитеран биле во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас и амбасадорот на САД во Грција Џефри Пајат, јави дописничката на МИА од Атина. -Многу ја цениме решителноста на Грција да најде дипломатски решенија за тензиите во Источниот Медитеран. И како што вчера рече државниот секретар Помпео, „не е корисно да се зголемува воената тензија во регионот“, напиша Пајат на неговиот официјален „Твитер“ профил, по средбата со Дендиас. -Разговаравме за соработката меѓу Грција и САД и неодамнешните случувања во Источниот Медитеран, со акцентот на турските прекршувања, напиша на „Твитер“ министерот за надворешни работи на Грција. Средбата Дендиас – Пајат беше на ден пред патувањето на шефот на грчката дипломатија во Њујорк, каде што утре ќе се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, а се очекува разговорите да бидат околу темите што се од регионален интерес, но и за ситуацијата во Источниот Медитеран. ср/

Остани поврзан