• сабота, 23 ноември 2024

Пашинјан: Сè додека не се потпише мировен договор можна е нова војна помеѓу Ерменија и Азербејџан

Пашинјан: Сè додека не се потпише мировен договор можна е нова војна помеѓу Ерменија и Азербејџан

Баку, 21 јули 2023 (МИА) – Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан предупреди дека сè додека не се потпише мировен договор и истиот не биде ратификуван од парламентите на двете земји, многу веројатна е нова војна меѓу неговата земја и Азербејџан.

Тензиите меѓу двете земји се зголемија за коридорот Лачин, кој е единствената копнена врска меѓу Нагорно-Карабах и Ерменија. На почетокот на јули, од различни причини, Азербејџан го затвори сообраќајот кон него. Блокадата создаде сериозна хуманитарна криза во енклавата, населена главно со Ерменци, каде што сега има недостиг од храна и лекови и има прекин на електричната енергија.

- Не станува збор за геноцид кој се подготвува, туку за геноцид кој веќе е во тек, изјави Пашинјан во интервју за објаснува Франс прес.

На последната рунда преговори меѓу Ерменија и Азербејџан на 15 јули во Брисел не беше постигнат напредок.

Пашинјан оценува дека Западот и Русија треба да вршат зголемен притисок врз Баку за укинување на блокадата.

Според него, преговорите меѓу двете земји ги попречува „агресивната реторика и говорот на омраза од Азербејџан кон Ерменците“. Пашинјан го обвини Баку дека води политика на етничко чистење.

Во исто време денеска, министрите за надворешни работи на Азербејџан и на Русија Џејхун Бајрамов и Сергеј Лавров телефонски разговараа за нормализацијата на односите помеѓу Баку и Ереван. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан