• среда, 25 декември 2024

Пашинјан: Ерменија подготвена за потпишување мировен договор со Азербејџан

Пашинјан: Ерменија подготвена за потпишување мировен договор со Азербејџан

Ереван, 17 октомври 2023 (МИА) - Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска изјави дека Ерменија е подготвена да потпише мировен договор со Азербејџан до крајот на годината.

Тој додаде дека ќе ја гарантира безбедноста на сите граѓани на Азербејџан на неговата територија, пренесе агенцијата Тасс.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека верува оти мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан е на дофат, доколку двете страни покажат добра волја, минимизирајќи ги тешкотиите во постигнувањето договор за нивната заедничка граница.

Азербејџан минатиот месец спроведе молскавична 24-часовна офанзива за преземање на контролата врз отцепениот регион Нагорно-Карабах, со кој три децении управуваат етнички Ерменци со поддршка на Ерменија.

По воениот пораз мад 120.000 етнички Ерменци од Нагорно-Карабах за една недела се преселија во Ерменија.сд/

Остани поврзан