• недела, 29 декември 2024

Пацоли бара од Абазовиќ да не влегува во црногорската влада поради Косово

Пацоли бара од Абазовиќ да не влегува во црногорската влада поради Косово
Приштина, 11 септември 2020 (МИА) - Претседателот на Алијансата за ново Косово, Беџет Пацоли го повика лидерот на црногорската партија Обединета акција за реформи (УРА), Дритан Абазовиќ, да не се приклучува на владата, која размислува за повлекување на признавањето на Косово. „Господине Абазовиќ, ако дозволите формирање на оваа влада, нема начин како да ја запрете целта на вашата коалиција кон Косово. Меѓу другото, тоа ќе го повлече признавањето на Косово и нема да можете да го спречите тоа со напуштање на владата, бидејќи ќе биде доцна", напиша Пацоли на Фејсбук. Тој додаде дека не треба да го прави тоа затоа што ќе му нанесе непоправлива штета на Косово. „Вашата одговорност во овој случај е голема“, напиша Пацоли. паг/  

Остани поврзан