• среда, 18 декември 2024

Пациентите од североисточниот регион да ги почитуваат закажаните термини, повикаа денеска од болницата

Пациентите од североисточниот регион да ги почитуваат закажаните термини, повикаа денеска од болницата

Куманово, 12 декември 2024 (МИА) - Пациентите од Куманово и од останатите општини од североисточниот регион да ги почитуваат термините за прегледи во Општата болница Куманово, повикаа денеска надлежните од здравствената установа. Дел од пациентите не ги ажурирале податоците особено телефонските броеви.

-Во последните денови од десет термини не доаѓаат по една-две пациентки, многу добро знаеме дека тешко се доаѓа до термин заради недостаток на лекари и затоа на овој начин потсетуваме дека е потребно да се ажурираат податоците. Сите треба да бидеме одговорни, да се потрудиме да дадеме вистински број, не стари броеви кои веќе не се користат, вели Владимир Симоновски, главен медицински техничар во Општата болница Куманово.

Преку подрачната единица на Фондот исто така е упатено барање до матичните лекари да ги ажурираат податоците.

- Имаме разбирање и матичните имаат по 2 до 3.000 пациенти навистина е обемно, но треба да се почне овој процес. Не смееме да оставаме тужи телефонски броеви на роднини освен во одредени исклучителни случаи, изјави Симоновски.

И не станува збор само за мамографија, туку и за останатите прегледи кои се спроведуваат во рамки на болницата.

- Сметаме дека не само преку институциите, се надеваме дека преку објави и вака преку медиумските ќе допреме до поголем број граѓани да си ги ажурираат податоците, за максимално да се искористат термините. Реална загуба треба да биде само 5 до 10 проценти, но имавме и случаи на поголема загуба на термини. За некого може да значи живот, посочи Симоновски. ам/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан