• четврток, 26 декември 2024

Пахор и Ле Дријан против поделба меѓу Истокот и Западот во ЕУ

Пахор и Ле Дријан против поделба меѓу Истокот и Западот во ЕУ
Љубљана, 4 септември 2020 (МИА) - Словенечкиот претседател Борут Пахор и министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дријан на средбата во Љубљана повикаа да се направат напори да се избегне поделба меѓу Истокот и Западот во Европската унија, „за да не биде заменета железната завеса со кадифена завеса“. Ле Дријан се согласи со оценката што Пахор ја даде вчера на 24-от годишен состанок на словенечките дипломати во Брдо кај Крањ дека ваквите поделби можат да дојдат во ЕУ и истакна дека тоа мора да се избегне по секоја цена, соопшти Кабинетот на словенечкиот претседател. Соговорниците се согласија претстојната конференција за иднината на ЕУ да се искористи за отворена и силна дебата за заеднички европски проекти за мир и сеопфатен развој, пренесува СТА. Пахор и Ле Дријан се согласија дека сегашните и идните предизвици можат да се надминат преку искрена соработка и поврзаност. паг/  

Остани поврзан