• четврток, 12 февруари 2026

Паунов: Проблемите со водоснбадувањето во Карбинци пополека стануваат минато

Паунов: Проблемите со водоснбадувањето во Карбинци пополека стануваат минато

Карбинци, 11 февруари 2026 (МИА) - Проблемите со водоснабдувањето во селата во Општина Карбинци полека стануваат минато, вели градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов. Тој посочи дека претходното лето речиси и да немало проблеми и прекини на водата за пиење до домаќинствата и фирмите, а ова пред се се должи на фактот дека најголем дел од населените места, односно над 90% се снабдуваат со вода за пиење од Хидросистемот (ХС) „Злетовица“. Во функција е и бунарскиот систем па граѓаните постојано имаат притисок и чиста вода за пиење. 

-Можам да кажам на повеќе од 80 до 90 проценти од територијата се снабдуваат од ХС „Злетовица“. Има одредени мали, можеби, технички проблеми во текот на една година, но тие се мали и има многу малку. Кога се во прашање селата Радање, Таринци, Аргулица каде во минатото имавме многу проблеми, сега ова е минато-изјави Паунов.

жВо ЈП „Плачковица“ изманиот период се работеше и на подобрување на механизацијата со која располага претпријатието, а се работи на зголемување на бројот на вработени со што се овозможува непрекината работа на терен. вдј/сст/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан