• сабота, 09 ноември 2024

Паунов бара расчистување на случајот во карбинското училиште „Страшо Пинџур“

Паунов бара расчистување на случајот во карбинското училиште „Страшо Пинџур“

Карбинци, 6 декември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов по вчерашниот демант на Миностерството за внатрешни работи, со кој се демантира дека е спречен обид за грабнување на дете во ООУ „Страшо Пинџур“ Карбинци денеска се огласи преку фејсбук статус во кој вели дека  јавноста мора да ја знае вистината.

- Во текот на вчерашниот ден во ООУ „Страшо Пинџур“ Карбинци се случи немил настан кога непознато лице со возило марка Голф со скопски регистарски таблички се обиде да намами и заведе во своето возило двајца ученици од деветто и шестто одделение. Од исказите на учениците и сведоците, но и од доказот што едниот ученик земал пари од непознатото лице (кои подоцна ги предал на полицијата) и од надзорните камери се утврдува дека имало таков обид. Кои биле мотивите? Дали е нормално кога возрасен маж со возило за време на настава бара да оди на „кафе“ со малолетно девојче од 13 години и притоа девојчето видно вознемирено го пријавува случајот во училиштето а училиштето до МВР, да се земе како случај кој не бил обид за такво нешто?, прашува Паунов.

Во фејсбук статусот наведува наместо брзата реакција на училиштето да биде аларм за МВР, се случи спротивното, МВР демантира дека воопшто имало ваков обид. 

-Ниту една закана од страна на министерот Спасовски, ниту една закана од страна на доушниците кои ги испраќате нема да не исплашите да реагираме на вакви непосакувани ситуации. Моја грижа се жителите на мојата општина Карбинци, децата во училиштата, градинката и секој граѓанин во оваа општина. Политиката да ја тргнете надвор од реалната ситуација, а безбедноста да ја подобрите во интерес на сите граѓани, вели Паунов.

Забележува дека кога има пријава од страна на директор на училиште и градоначалник на општина со индиции за ваков случај треба да биде сфатено и постапено со нај сериозен пристап.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски синоќа на прес- конференцијата во МВР порача да не се користат вакви настани во политички цели.

Од СВР Штип велат дека остануваат на вчерашното соопштение, а се работи на расчистување на случајот во ООУ „Страшо Пинџур“ Карбинци. вдј/аа/

МИА: Фото 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан