• четврток, 19 декември 2024

Патувачкото кино на „МакеДокс 2022“ од утре во Преспа

Патувачкото кино на „МакеДокс 2022“ од утре во Преспа
Скопје, 12 септември 2022 (МИА) - Четири проекции на документарни филмови од утре до 17 септември 2022 година ќе бидат прикажани во регионот на Преспа, во рамки на Патувачкото кино на „МакеДокс“. Како што информира Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ - Скопје, патувачкото кино утре ќе биде во Ресен (Сарај), на 14 септември во село Дрмени (кај самопослугата), на 16 септември во село Лавци (кај џамијата) и на 17 септември во село Подмочани (на игралиштето). Проекциите се бесплатни и почнуваат во 19:30 часот. - Преспа е повторно во фокус бидејќи (агро)културата во тој регион е тотално девастирана, а таа е основа за сите понатамошни сегменти на современото живеење (образование, економија, политика...), но овојпат на нови локации, посочува Бранд Ферро, извршен продуцент на „МакеДокс“. Годинава Патувачкото кино е поделено во две етапи. Првата се одржа од 18 до 23 јули во струмичките села, а втората етапа ќе се реализира во регионот на Преспа. Патувачкото кино на „МакеДокс“ 2022 е поддржано од Агенцијата за филм и Националната фондација за демократија од Вашингтон. мд/са/

Остани поврзан