• четврток, 26 декември 2024

Патувачкиот караван на „Литера“ ги посети Валандово и селата Чалакли и Казандол

Патувачкиот караван на „Литера“ ги посети Валандово и селата Чалакли и Казандол
Скопје, 5 септември 2022 (МИА) - Патувачкиот караван на „Литера“, фестивалот за литература и илустрација за деца викендов ги посети Валандово и селата Чалакли и Казандол, информираат од тимот на „Литера“. - Во Центарот за култура „25 Мај“ во Валандово, авторката Магде Ангова ја претстави книгата „Невидливата куќа“ од Билјана С. Црвенковска и Ване Костуранов, а потоа читаше делови од својата книга „Гатанки за сè и сешто и за уште по нешто“. За важноста на читањето како здрава навика пред најмладите говореше Мирко Трајановски, автор на сликовницата „Волшебното патување на Простор и Време“, за која илустрациите ги создаде Кристијан Јованоски, стои во соопштението од „Литера“. Дополнуваат дека на трибината „Дали може литературата за деца да придонесе за развој на помалите средини?“ на која учествуваа директорот на Центарот, Дејан Исиров, градоначалникот Перо Костадинов, Мехмед Ариф - автор за деца и Софија Семенпеева Трајановска - творец на „Литера“, биле отворени важни прашања и заклучоци за значењето на културата во развојот и на децата. Четвртото издание на фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ продолжува со изложба на дела на современи македонски илустратори на сродниот фестивал „Овца во кутија“, во Пазин, Хрватска. Четворица актуелни автори ќе се претстават во срцето на Истра на групна изложба од 12 до 16 септември. ар/дма/

Остани поврзан