• вторник, 24 декември 2024

Патрушев: Русија ги зголемува безбедносните мерки во Балтичкото Море

Патрушев: Русија ги зголемува безбедносните мерки во Балтичкото Море

Москва, 11 ноември 2024 (МИА) - Помошникот на претседателот на Русија, Николај Патрушев изјави дека Русија го зголемува нивото на безбедност во Балтичкото Море, оценувајќи дека тоа е најважната воено-политичка задача откако Шведска и Финска станаа членки на НАТО и по експлозијата на северниот гасовод.

-Американците и нивните европски сојузници поставија курс за милитаризација на Балтичкото Море, тоа е традиционална стратегија за Западот, дури и за време на Кримската војна, Британците и Французите се обидоа да го заземат Кронштат. Во двете светски војни, Германците се обиделе да се зацврстат на рускиот брег на Балтикот. Нашите морнари секогаш ги уништуваа плановите на агресорот, рече Патрушев, пренесен од руските медиуми.

Тој рече дека Русија ги зголемува безбедносните мерки и презема дополнителни активности на Балтикот со цел да го зачува својот територијален интегритет и економски суверенитет.

На крајот на минатиот месец, Германија го обнови меѓународниот поморски штаб за Балтикот, што е способен да води можни операции на НАТО за време на конфликтот. Персоналот на поморскиот штаб за Балтикот доаѓа од 11 земји - Данска, Естонија, Финска, Франција, Велика Британија, Италија, Латвија, Литванија, Холандија, Полска и Шведска.

Во минатото главната улога на НАТО беше да го блокира влезот во Балтичкото Море, да ја спречи советската Балтичка флота да влезе во Северното Море, од каде нејзините воени бродови можеа да ги нападнат американските конвои за снабдување, кои се клучни за одбраната на Европа.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан