• недела, 10 ноември 2024

Патрушев ги обвини САД за планирање кибер напади во Русија

Патрушев ги обвини САД за планирање кибер напади во Русија

Москва, 24 јули 2023 (МИА) - Секретарот на рускиот совет за безбедност Николај Патрушев денеска ги обвини САД дека планираат кибер напади врз руската „критична информациска инфраструктура“, јавија руските државни медиуми, цитирани од британските медиуми.

Патрушев изјави дека Кибер-командата на Пентагон, Агенцијата за национална безбедност и Кооперативниот центар на НАТО за вонредна кибер-одбрана, со седиште во Естонија, ги планирале и ги режирале нападите „под украинско знаме“.

Тврдењата на Патрушев, кој присуствува на самитот на БРИКС во Јужна Африка, ги објави владината „Росискаја газета“.

Според весникот, Патрушев наведе дека „украинските хакерски групи се активно вклучени во слични напади на американските специјални служби“, пренесе Тасс. сд/

Остани поврзан