• недела, 24 ноември 2024

Патријархот Порфириј упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија

Патријархот Порфириј упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија
Скопје, 24 мај 2022 (МИА) - Патријархот Порфириј на заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. - Благодарение на вашите молитви воспоставивме единство, а сега браќа и сестри ви носиме уште една радост - Светиот архиерејски собор на Српската православна црква едногласно во пресрет на барањето на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, Соборот на нашата црква ја благословува и одобрува афтокефалноста на МПЦ-ОА, рече српскиот патријарх Порфириј. Тој додаде дека Светиот собор на СПЦ ставил на должност на Синодот во соработка со архиеписопот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт. - Потоа ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот каконски ред и тие да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА, рече патријархот Порфириј. нд/дма/     

Остани поврзан