• вторник, 12 ноември 2024

Партнерката на Ален Делон: Неговите деца манипулираат со него

Партнерката на Ален Делон: Неговите деца манипулираат со него

Париз, 29 септември 2023 (МИА) - Партнерката на францускиот глумец Ален Делон смета дека неговите деца манипулираат со него. Според неа, Делон можеби не ги знае сите подробности околу тужбата што ја поднесе неговото семејство.

Инаку, децата на Ален - Анушка, Ален-Фабијан и Антони Делон ја обвинија Ролен за предизвикување морална штета. Според телевизијата „Франс 3“, тие тврдат дека жената не му давала пристап на актерот до неговите лични преписки и му ги читала писмата. Според француските закони, таквите постапки може да доведат до затворска казна до три години, како ид 45.000 евра парична казна.

Ален Делон се приклучи на жалбата што неговите деца ја поднесоа против Хироми Ролен, принудувајќи ја да го напушти својот дом. Партнерката на Делон ги отфрли сите обвинувања и рече дека меѓу неа и глумецот има прекрасен однос.

Во 2017., Ален Делон објави дека се повлекува од кинематографијата. Летото 2019 година, преживеа мозочен удар, а неколку месеци претходно беше награден со почесната Златна палма на Меѓународниот филмски фестивал во Кан за неговиот траен придонес во кинематографијата. Францускиот заводник глумел во повеќе од 90 филмови, меѓу коишто и „Под светлото сонце“ (1960), „Роко и неговите браќа“ (1961), „Гепард“ (1963), „Базен“ (1969).  си/сд/

Фото: Википедија

Остани поврзан