• среда, 27 ноември 2024

Партија за движење на Турците: МРТВ да ја поправи неправдата кон редакциите на јазиците од немнозинските заедници 

Партија за движење на Турците: МРТВ да ја поправи неправдата кон редакциите на јазиците од немнозинските заедници 
21 октомври 2022 
 
Во последниот извештај на  Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија етничките односи се оценети стабилни, а се поздравува и напредокот на правата на немнозинските заедници. Од друга страна ЕК јасно го критикува отсуството на реформите во МРТВ. 
 
Ваквиот начин на функционирање на јавниот сервис е евидентно и преку програмските содржини, но со жалење истото го констатираме и во врска со последните објавени јавни огласи за вработување во МРТВ. Истите огласи воопшто не го отсликуваат мултиетничкиот состав на нашата земја. Со години, во континуитет турската редакција при МРТВ работи со недостаток на човечки ресурси, а истото се случува со сите програми и редакции на јазици што ги зборуваат немнозинските заедници. 
 
Партијата за движење на Турците -ТХП го повикува менаџментот на МРТВ конечно да превземе јасни активности со кои ќе ги поправат децениските грешки и неправди кон овие редакции и програми на помалкубројните заедници. Бидејќи МРТВ треба да биде во сервис на сите граѓани кои со своите даноци ја одржуваат во живот. Исто така ги повикуваме опозициските пратеници што поскоро да седнат и да овозможат да се избере нов состав на програмски совет на МРТВ.
 
Партија за движење на Турците 
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан