• четврток, 26 декември 2024

Партијата на пензионери ја честита изборната победа на Коалицијата „Твоја Македонија“

Партијата на пензионери ја честита изборната победа на Коалицијата „Твоја Македонија“

11 мај 2024 

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ (ПП) ја честита победата на Претседателските и Паламентарните избори на Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРОДПМНЕ, со очекување дека дадените ветувања на граѓаните на Републиката истите ќе ги исполнат, и тоа без занемарување, или загрозување на напредокот на земјата во процесот на зачленување во ЕУ.

ПП, раководејќи се од своето мото „Чесно! Сплотено! Одлучно!“, со внимание и во најдобар интерес на граѓаните на Македонија ќе ги следи и принципиелно ќе реагира на начинот и динамиката на реализирање на прокламираните политики на победничката коалиција, а особено: - за подобар стандард на граѓаните и обезбедување на континуиран и стабилен напредок на економијата, стопанството, енергетиката, земјоделието, туризмот, инфрастуктурата и услужните дејности. - за функционални реформи во државата и неселективна и принципиелна борба против корупцијата на сите рамништа, почнувајќи од врвовите на веќе ендемските коруптивни парамиди, како и против непотизмот и клиентелизмот. - за грижа и унапредување на здравството, образованието, семејството и семејните традиционални односи, како и за зачувување на стабилноста и сигурноста на земјата.

ПП особено ќе посвети внимание на најавените промени во политиките за грижа за бројната пензионерска популација. Тие политики не смеат да се претворат во еднократна, преодна и долгорочно недефинирана мерка со која се деградираат веќе стекнатите права на пензионерите и кои би резултирале со загрозување на стабилноста на Пензиските фондови и редовноста и можноста за исплата на пензиите.

Потврдуваме дека како политичка партија ќе останеме активни критичари и коректори на грешките кои ќе ги утврдиме во политиките и постапките на новите власти, како што и досега правевме во коалицијата на која припаѓаме, а секогаш раководејќи се од најдобрите и заеднички интереси на сите граѓани на Македонија.

 

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ ЧЕСНО! СПЛОТЕНО! ОДЛУЧНО

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


 

 
 

 

Остани поврзан