• четврток, 26 декември 2024

Партијата на пензионери повикува на масовно вакцинирање против SARS-cov-2 вирусот

Партијата на пензионери повикува на масовно вакцинирање против SARS-cov-2 вирусот
Скопје, 17 септември 2021 П О В И К За масовно учество во вакцинацијата против SARS-cov-2 вирусот и давање личен придонес на пензионерите и повозрасните граѓани за ПОСИГУРЕН ЖИВОТ ЗА НАС И НАШИТЕ ПОТОМЦИ Почитувани сопартијци од ПП, пензионери и сите останати граѓани, Ние, пензионерите и другите повозрасни граѓани, во изминатиот период бевме предводници во процесот на имунизација против КОВИД-19 во земјата. Тоа го правевме поради загриженоста како да обезбедиме посигурна и подобра иднина за нас, нашите најблиски и нашите потомци. Но битката со оваа зараза е далеку од добиена. Затоа, повторно, ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ ГРАЃАНИ, заедно со нас, масовно со вакцинирање да придонесеме во искоренување на епидемијата. КОВИД-19, повторно, не предупредува да ги почитуваме пропишаните здравствени протоколи и неодложно да го исполниме граѓанското право и обврска за чување на јавното здравје. Веќе е крајно време секој поединечно и сите заедно да придонесеме да се создаде колективен имунитет против „чумата на ова време“, зошто секое колебање и одлагање го плаќаме со човечки животи. Како Партија на пензионери, го разбираме стравот кај поединци создаден од негативните кампањи и негирања на болеста. Но жестоко ги осудуваме залагањата и настапите во јавност кои имаат за цел, преку ширење страв и паника, да влијаат на неприфаќање на вакцинацијата. Таквите залагања се спротивни на препораките на СЗО и се базираат исклучиво на шпекулации и манипулирање со „теории на заговор“. ЗАТОА, ВЕ ПОВИКУВАМЕ ДА ПРИСТАПИМЕ КОН ВАКЦИНАЦИЈА И СПЛОТЕНИ ДА ГО СОВЛАДАМЕ ОВА ЗЛО НАДВИЕНО НАД ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО. ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ _______________________________________________________   МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан