Партијата на Макрон официјално преименувана во Преродба
- На вчерашниот Конгрес на Република во движење, партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, го смени името во Преродба
Париз, 18 септември 2022 (МИА) - На вчерашниот Конгрес на Република во движење, партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, го смени името во Преродба.
Смената на името на партијата беше поддржано од 87 проценти од учесниците на Конгресот.
- Ако не бидеме обединети, екстремните (десница и левица) ќе ја преземат власта, предупреди Макрон, кој сега е почесен претседател на Преродба.
За претседател на Преродба избран е поранешниот 37-годишниот Стефан Сежурн, кој е поранешен близок соработник на Макрон и претседател на парламентарната група во Европски парламент.
Република во движење беше формирана само една година пред Макрон да стане шеф на државата во 2016 година. Либералната формација му помогна во неговиот реизбор. Макрон ја победи лидерката на екстремната десница, Марин Ле Пен на вториот круг од изборите во април. Со неа се соочи и во вториот круг на претседателските избори во 2017 година, кога таа доби 2,6 милиони гласови помалку од сега.
На парламентарните избори во јуни партијата на Макрон го загуби апсолутното мнозинство во Националното собрание, а Ле Пен освои рекордни 89 места. ми/