• среда, 25 декември 2024

Партијата за демократски просперитет на Ромите реагира за алармантната состојба со влошената комунална хигиена во село Црник

Партијата за демократски просперитет на Ромите реагира за алармантната состојба со влошената комунална хигиена во село Црник

Пехчево, 25 август 2023 (МИА) - Претседателот на Општинската организација на Партијата за демократски просперитет на Ромите од с.Црник, Енвер Патров го изрази својот револт за, според него, интерниот однос на централната и локалната власт во менаџирањето за справување со влошената комунална хигиена во селото.

Партијата, како што рече, има направено повеќе обиди за решавање на проблемот со отпадот во селото, но досега не наишла на разбирање од надлежните органи и поединци.

- Правото на здрава животна средина е фундаментално граѓанско право кое е темелна уставна вредност според Уставот кое право мора да се заштитува и унапредува и Републиката е должна да обезбеди услови за остварување на правото на здрава животна средина. Освен Уставот постојат и други прописи што го регулираат ова право, а меѓудругите е Законот за управување со отпадот. Општината, градоначалникот, директорката на ЈКП Пехчево, како и Министерството за економија свесно ни го повредуваат правото на здрава животна средина и правото на здравје.

Отпадот кој воопшто не го третираат и за кој не водат никаква грижа привлекуваат разни животни кои предизвикуваат и пренесуваат заразни болести, рече Патров на прес-конференцијата.

Од централната селска депонија, како што потенцираше, најзагрозени се децата, изнемоштените стари лица и лицата со хронични болести.

- Срамно е и безобразно е надлежните да не остават во таква лоша смрдлива средина која е извор на болести и сирење на зарази. Затоа ги повикувам под итно да преземат конкретни мерки за решавање на овој проблем бидејќи имаат должност кон нас граѓаните да ни го обезбедат ова уставно право. Под итно централната и локалната власт да заборават на своите политички несогласувања и да ни го решат овој децениски проблем, да се координираат и да ни помогнат, бидејќи нивните политички фотелји и привилегии се од нас граѓаните, а лесно можат да ги изгубат и да легнат под нив. Граѓаните ве молат, заврши во својот допис Патров.

Од Општината во повеќе наврати информираа дека на жителите од поодамна им се понудени договори согласно кои комуналното претпријатие ќе им го собира отпадот, но според нив ваквата иницијатива се уште не вроодила со плод поради процентуално малата бројка на потпишани договори од страна на жителите на Црник. вс/ев/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан