• сабота, 23 ноември 2024

Партиите успеаја да ги мотивираат избирачите и во вториот круг добија повеќе гласови

Партиите успеаја да ги мотивираат избирачите и во вториот круг добија повеќе гласови
Скопје, 3 ноември 2021 (МИА) - Политичките партии успешно ги мотивирале гласачите и во вториот круг во сите 43 општини и Градот Скопје го зголемија бројот на гласови, споредeно со освоените гласови во истите општини во првиот круг. Најголем раст во добиените гласови во вториот круг има СДСМ – 27.358, потоа ВМРО-ДПМНЕ – 26.315 и ДУИ – 22.618 гласови. Независните кандидати успеале да соберат 14.129 гласови, потоа БЕСА – 12.389, АА/А – 9.199, ГРОМ – 8.023, ЛДП/ДОМ – 1.910, ДПА – 973 и ТМРО – 301 глас. Во 43 општини и Градот Скопје, каде што имаше втор круг СДСМ има вкупно 146.808 гласови, што е раст од над 27 илјади гласови, споредено со 119.450 гласа во првиот круг во истите општини. ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг има добиено 99.500 гласови, а во вториот 125.815 или плус од 26 илјади гласа. ДУИ во првиот круг има освоено 81.412 гласови, а во вториот 104.030 гласови. Независните кандидати во прв круг имаат добиено 20.697, а во втор круг 34.826 гласови. БЕСА во прв круг има 14.373, а во вториот 26.762 гласови. АА/А во прв круг има освоено 44.180, а во вториот 53.379 гласови. Кандидатот на ГРОМ во прв круг во Општина Карпош има 6.841, а во вториот круг 14.864 гласови што е двојно повеќе. Кандидатот на ЛДП/ДОМ во Шуто Оризари во прв круг има 2.246, а во втор круг 4.156 гласа. Кандидатот на ДПА во Студеничани во прв круг добил 3.146, а во втор круг 4.119 гласови и кандидатот на ТМРО во Старо Нагоричане во прв круг добил 510, а во втор 811 гласови. Кандидатите за Град Скопје со раст од над 40 илјади гласови во вториот изборен круг Петре Шилегов на првиот круг на Локалните избори 2021 има добиено вкупно 78.783 гласови, а во вториот за околу 12 илјади гласа повеќе или 90.672. Данела Арсовска во првиот круг има 86.698, а во вториот 118.749 гласови или за околу 30 илјади повеќе. Најголем раст во бројот на добиени гласови Данела Арсовска има во Аеродром, каде во вториот круг има 5.321 глас повеќе во споредба со првиот круг. Петре Шилегов најголем раст во бројот на добиени гласови во вториот круг, споредено со првиот има во Карпош – 3.941 глас. Двајцата имаат загубено гласови во општина Сарај во вториот, споредно со првиот круг и тоа Шилегов 901, а Арсовска 307 гласови помалку. Најголема разлика во добиените гласови меѓу двата круга во корист на Шилегов има во Чаир - 250, додека Арсовска во Гази Баба  - 4.561. На претходните локални избори, Петре Шилегов беше избран за градоначалник во прв круг со освоени 141.164 гласови, пред Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ со 101.472 гласови. На локалните избори во 2013 година, градоначалник на Град Скопје беше избран во втор круг, кога Коце Трајановски доби 124.455 гласови, пред Јани Макрадули од СДСМ со 76.390 гласови. аа/ац/

Остани поврзан