• вторник, 12 ноември 2024

„Парламент 2024-2028: Нови заложби во борбата против корупцијата“

„Парламент 2024-2028: Нови заложби во борбата против корупцијата“

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - Институтот за демократија денеска организира настан на тема „Парламент 2024-2028: Нови заложби во борбата против корупцијата“, посветен на улогата на Собранието во зајакнување на борбата против корупцијата.

Целта, како што информира, е да отвори дискусија меѓу пратениците, релевантните институции и граѓанскиот сектор за зајакнување на улогата на Собранието во борбата против корупцијата следните четири години. Дискусијата ќе се води околу главните теми и приоритети во борбата против корупцијата, како и инструментите за обезбедување помош на институциите, но и нивна отчетност пред Собранието.
 
На настанот, воведни обраќања ќе имаат Љупчо Пренџов, претседател на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, Максим Ацевски, главен државен ревизор и Сервет Демири, член на Државната комисија за спречување на корупцијата.
 
Настанот е организиран како дел од проектот „Поттикнување дебата за отчетност и антикорупција“ кој цели да придонесе кон реформски процеси во Северна Македонија преку зајакнување на улогата на Собранието во борбата против корупцијата и креирањето реформи во владеење на правото, овозможувајќи дијалог меѓу партиите и подмладоците, како и меѓу пратениците и граѓанското општество. Проектот е поддржан од Националниот фонд за демократија. мч/вг/

фото: МИА архива
 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан