• четврток, 19 декември 2024

Парламентот на Грузија го отфрли претседателското вето на законот за „странски агенти“

Парламентот на Грузија го отфрли претседателското вето на законот за „странски агенти“

Тбилиси, 28 мај 2024 (МИА) – Парламентот на Грузија денеска не ги прифати забелешките на претседателката Саломе Зурабишвили за „законот за странски агенти“ и со тоа го анулира нејзиното вето на законот, што предизвика политичка криза во земјата.

„Против“ ветото на претседателката Зурабишвили се изјаснија 66 пратеници, а за укинување на ветото беа потребни 50 гласа. Потоа пратениците гласаа за оригиналната верзија на законот, што беше поддржана од 84 пратеници, а „против“ беа само четворица. За анулирање на ветото беа потребни 76 гласа.

Законот за странско влијание предвидува медиумите и невладините организации кои повеќе од 20 отсто се финансираат од странство да се регистрираат како „агенти на странско влијание“. Според критичарите, законот е премногу сличен на законодавството што го користи Кремљ за да ги замолчи противниците и дека ќе ја попречи кандидатурата на Грузија за членство во ЕУ.

На 14 мај грузискиот парламент го усвои контроверзниот закон за „странски агенти“, а два дена подоцна Зурабишвили стави вето на законот. Контроверзниот закон предизвика и протести во Грузија. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан