• сабота, 16 ноември 2024

Парламентот во Словенија ја одобри новата Влада предводена од Роберт Голоб

Парламентот во Словенија ја одобри новата Влада предводена од Роберт Голоб
Љубљана, 1 јуни 2022 (МИА) -  Словенечкиот Парламент со огромно мнозинство ги потврди министрите во новата Влада на премиерот Роберт Голоб, со што го започна својот мандат. По неколкучасовна расправа, за тимот составен од 17 министри и министри гласаа 53 пратеници од три партии од владејачката коалиција на Голоб. Против беа 28 пратеници од Словенечката демократска партија на поранешниот премиер Јанез Јанша и од демохристијанската Нова Словенија, која беше во претходната владејачка коалиција. Голоб во својот говор на почетокот на седницата истакна дека неговата влада е добро составена комбинација од искусни политичари и експерти во одредени области, дека веднаш ќе почне да работи на приоритетите поставени со коалицискиот договор и оти граѓаните наскоро ќе бидат горд на таква влада. Тоа е 13-та словенечка влада од стекнувањето на државната независност и една од најбрзо формираните по парламентарните избори одржани на 24 април годинава. Заедно со министрите од партијата Движење за слобода на Голоб, која освои најмногу гласови на изборите, имаше и министри од две коалициски партии, Социјалдемократите и Левица. зш/

Остани поврзан