• четврток, 19 декември 2024

Парламентарните избори во Индија ќе се одржат во седум фази од 19 април до 1 јуни

Парламентарните избори во Индија ќе се одржат во седум фази од 19 април до 1 јуни

Њу Делхи, 15 април 2025 (МИА) - Парламентарните избори во Индија ќе се одржат од 19 април до 1 јуни и на нив ќе можат да гласаат 968 милиони луѓе, пренесуваат британските медиуми.

Граѓаните ќе избираат 543 пратеници во Долниот дом на парламентот.

На претходните избори, Индиската народна партија (БЈП) на премиерот Нарендра Моди освои 303 пратенички места, а опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) освои 52 места.

Гласачите ќе гласаат на електронски машини за гласање и за да се осигура безбедноста на избирачките места низ Индија, гласањето се спроведува во седум фази - 19 април, 26 април, 7 мај, 13 мај, 20 мај, 25 мај и 1 јуни.

Од вкупно 968 милиони гласачи, 497 милиони се мажи, а 471 милиони се жени, кои традиционално излегуваат во поголем процент од мажите.

Главни ривали на овие избори се актуелниот премиер Моди, кој се обидува да го освои својот трет мандат во рамки на коалицијата Национална демократска алијанса предводена од неговата партија БЈП и кандидатот Раул Ганди од опозициската коалиција ИНДИЈА. Анкетите предвидуваат нова победа за Моди, наведуваат британските медиуми.сд/

фото:МИа архива

Остани поврзан