• вторник, 24 декември 2024

Парламентарна комисија ја поддржа кандидатурата на Анушиќ за министер за одбрана на Хрватска

Парламентарна комисија ја поддржа кандидатурата на Анушиќ за министер за одбрана на Хрватска

Загреб, 15 ноември 2023 (МИА) – Комисијата за одбрана на хрватскиот Сабор денеска го поддржа предлогот за нов министер за одбрана да се именува жупанот на Осиек-Барања, Иван Анушиќ кој пред комисијата најави поголеми инвестиции во тој ресор.

Зборувајќи за своите приоритети, Анушиќ најави поголеми средства за одбранбениот сектор бидејќи, како што рече, Хрватска „се спуштила под инвестициската граница од два отсто од БДП, на што инсистира НАТО“.

Тој нагласи дека хрватската армија мора да биде врвно опремена со технологија, опрема, оружје и персонал. јт/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан