• петок, 27 декември 2024

Парламентарен институт: Надмината бројката од 6000 посетители на Собранието во 2022 година

Парламентарен институт: Надмината бројката од 6000 посетители на Собранието во 2022 година
Скопје, 18 оември 2022 (МИА) - Во 2022 година Собранието го посетиле 6027 посетители во рамките на 169 организирани тури, информираше Парламентарниот институт. -Со одржаните две обиколки оваа недела, достигната е бројката од 6.027 посетители на законодавниот дом во 2022 година. Во рамките на 169 организирани тури годинава, посетителите имаа можност да се запознаат со внатрешноста на законодавниот дом и најрепрезентативните простории, да научат за историјата, организацијата и функционирањето на Собранието и да видат каде работат пратениците. Им благодариме на сите посетители кои беа дел од нашите обиколки, се посочува во објавата на Парламентарниуот институт на Фејсбук. Собранието го посетуваат ученици од основните и средните училишта, студенти, граѓани... Собранието со претходна најава може да се посети во петок или во одредени часови во вторник и во четврток. -Турите се реализираат за време на отворените денови - секој петок (термини на секој час од 9 до 15 часот) или од вторник до четврток во терминот од 9 до 10 часот. Доколку сте заинтересирани да бидете дел од организираните тури, одберете си термин кој ви одговара и испратете порака на овој профил, јавете се на телефонскиот број 02/3182 227 или на е-маил: parl.inst@sobranie.mk и договорете ја Вашата посета, се посочува во објавата на Парламентарниот институт. ев/са/

Остани поврзан