• четврток, 26 декември 2024

Паричната казна за непочитување на мерките за ограничено движење во Франција се зголемува на 200 евра

Паричната казна за непочитување на мерките за ограничено движење во Франција се зголемува на 200 евра

Париз, 29 март 2020 (МИА) - Паричната казна за непочитување на мерките за ограничено движење во Франција од денеска се зголемува на 200 евра, наспроти досегашната од 135 евра.  Казната се однесува за излегување надвор без потврда за време на полицискиот час или непочитување на дополнителните мерки наметнати од префектурата, јави дописникот на МИА од Париз.

Владата на Едуар Филип вети построги мерки за да ги натера Французите да останат дома.

Уредбата објавена денеска во Службениот весник  предвидува зголемување на казната на 200 евра, а се зголемува на 450 евра во случај на повторно казнување, наспроти 375 од претходно.

Француските сили на редот од почетокот на кризата казнија 225.000 лица, а извршиле 3,7 милиони контроли. тг/

Остани поврзан