• сабота, 06 декември 2025

Париските таксисти се закануваат дека ќе го блокираат пристапот до Ролан Гарос

Париските таксисти се закануваат дека ќе го блокираат пристапот до Ролан Гарос

Париз, 25 мај 2025 (МИА) - Таксистите во Париз се закануваат дека ќе го блокираат пристапот до терените на Ролан Гарос на 26 мај доколку властите не ги послушаат нивните барања, објавуваат тамошните медиуми.

Возачите се загрижени за заканата по нивните приходи и веќе пет дена по ред го запираат сообраќајот во некои области на Париз. Тие се собираат на знаменитости, блокираат патишта, свират со сирените и даваат светлосни знаци.

Возачите се незадоволни од новите правила за медицински превоз и конкуренцијата од мобилните апликации. Нивното движење се прошири надвор од главниот град. Возачите од градови како Марсеј и Перпињан во јужна Франција се придружија на демонстрациите.

Грен слемот Ролан Гарос почнува денес и ќе трае до 8 јуни. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан