• среда, 25 декември 2024

Параолимпијадата во Јапонија ќе се одржува без публика

Параолимпијадата во Јапонија ќе се одржува без публика
Токио, 16 август 2021 (МИА) - Поради пандемијата со Ковид-19, се забранува пристап на навивачи на Параолимпијадата во Јапонија, соопштуваат организаторите. Организаторите, исто така, побараа од јавноста да не излегува да ги гледа настаните на патиштата. На Параолимпијадата ќе учествуваат околу 4.400 спортисти, што е далеку помал настан од Олимпијадата, со 11.000 спортисти, меѓутоа, како што соопштуваат од организацијата, станува збор за популација на спортисти кои се поранливи на Ковид-19. Параолимписките игри се отвораат на 24 август, а ќе траат до 5 септември. ар/вј/

Остани поврзан