• сабота, 23 ноември 2024

Паради на солидарност со Украина низ целиот свет

Паради на солидарност со Украина низ целиот свет
Сиднеј, 26 февруари 2022 (МИА) - Поворки и маршови се организираат по улиците низ повеќе градови во светот во знак на солидарност со Украина и противењето на руската инвазија, објавуваат странските агенции.
Неколку стотици луѓе маршираа низ Сиднеј во поддршка на Украина и побараа дополнителни мерки против Русија, додека демонстрантите во Токио бараа исфрлање на Русија од Советот за безбедност на ОН.
Во Грузија, поранешна советска република која ја доживеа руската интервенција во 2008 година, околу 30.000 луѓе протестираа во петокот вечерта.
И во Рим синоќа парадираа луѓе низ центарот на градот до Колосеумот, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Мир, а не војна“.
Со пораки за мир и против војна, грчките опозициски партии СИРИЗА и Комунистичката партија одржаа одделни, мирни протести пред руската амбасада во Атина.
Маршови на солидарност се одржаа и во Канада, во градовите Монтреал, Халифакс, Винипег, Ванкувер и Торонто.
„Путин, тргни ги рацете од Украина“, скандираа луѓето во Монтреал.
Протести во знак на солидарност со Украина за денеска се закажани во Париз. паг/

Остани поврзан