• среда, 13 ноември 2024

Папа Франциск: Ќе успорам или ќе се повлечам, папата можете да го смените

Папа Франциск:  Ќе успорам или ќе се повлечам, папата можете да го смените
Ватикан, 30 јули 2022 (МИА) - Папата Франциск денеска изјави дека повеќе не може да патува како порано поради проблеми со коленото, додавајќи дека неговата еднонеделна посета на Канада е „мал тест“ кој покажал дека треба да забави.
По враќањето од Нунавут, Канада, каде што се извини за насилството врз домородните деца во католичките училишта од 19 век до 1970 година, Папата рече дека не размислувал да се повлече, но додаде дека „вратата е отворена“ и дека нема ништо лошо во тоа папата да се замени.
„Тоа не е чудно. Тоа не е катастрофа. Папата можете да го смените“, рече папата Франциск. Тој изјави дека до сега не размислувал да се повлече, но сепак сфаќа дека барем треба да забави. „Мислам дека на моја возраст и со овие ограничувања морам да штедам (енергија) за да можам да и служам на црквата или да размислувам за можноста да се повлечам“, рече Папата. На почетокот на годинава тој ги истегна лигаментите на десното колено, а поради терапија мораше да го откаже патувањето во Африка, планирано за првата недела од јули. „Ќе се обидам да продолжам да патувам и да бидам близок со луѓето, бидејќи мислам дека тоа е начинот на кој треба да се служам, да бидам во близина. Но, не можам да кажам повеќе од тоа“, рече папата Франциск. паг/

Остани поврзан