• четврток, 26 декември 2024

Папа Франциск: Канонското право е важен чекор во борбата против злоставувањето

Папа Франциск: Канонското право е важен чекор во борбата против злоставувањето
Ватикан, 21 јануари 2022 (МИА) - Папата Франциск денеска повика на строга примена на канонското право во борбата против злоставувањата во Католичката црква.
„Црквата, со Божја помош, продолжува со својата посветеност да обезбеди правда за жртвите злоставувани од нашите членови, применувајќи го со посебно внимание и строго пропишаното канонско право“, рече папата Франциск во Апостолската палата при приемот на претставниците на Конгрегацијата за доктрина на верата, ватиканските власти кои се занимаваат со извештаите за злоставување.
Тој  укажа на неодамнешните реформи кои го олеснуваат повикувањето на одговорност на злоставувачите во Црквата.
„Самото ова можеби не е доволно за борба против овој феномен, но е важен чекор кон враќање на правдата, поправање на скандалот и отстранување на сторителите“, рече Папата.
 

Ватикан во четвртокот повтори дека чувствува „срам и каење“ за сексуалната злоупотреба на свештеници над малолетници, по објавувањето независен извештај во кој се доведуваат во прашање постапките на папата Бенедикт Шеснаесетти.
Папата Бенедикт XVI, кој има 94 години и живее во манастир во Ватикан, „одлучно“ негираше каква било одговорност во изјавата што ја испрати до адвокатите. паг/  

Остани поврзан