• петок, 08 ноември 2024

Папа Франциск: Време е заеднички да се дејствува против климатските промени, сиромаштијата и коронавирусот

Папа Франциск: Време е заеднички да се дејствува против климатските промени, сиромаштијата и коронавирусот
Рим, 31 октомври 2021 (МИА) - Време е за заедничка акција против климатските промени, пандемијата на Ковид и сиромаштијата, предупреди папата Франциск во написот објавен денеска во италијанскиот весник „Кориере дела сера“. Текстот е вовед на Папата за книгата, која ќе биде објавена во средината на ноември. Објавен е на денот на отворањето на климатскиот самит на ОН COP26 во Глазгов и во време на самитот на Г-20 во Рим, каде што треба да се разговара и за климатските промени. Укажувајќи на еколошката и социјалната криза „која стана смртоносна поради здравствената криза“, Папата оцени дека „овие кризи претставуваат и шанси и можности да се извлечат поуки од грешките направени во минатото“. „Време е да ги преиспитаме нашите приоритети и повторно да ја планираме иднината. Време е да се дејствува, за заедничко дејствување, време е за тоа“, рече папата Франциск. паг/

Остани поврзан