• среда, 25 декември 2024

Папата Франциск се надева дека Олимписките игри во Париз ќе бидат повод за примирје во конфликтите

Папата Франциск се надева дека Олимписките игри во Париз ќе бидат повод за примирје во конфликтите

Рим, 21 јули 2024 (МИА) - Папата Франциско денеска изјави дека се надева оти Олимписките игри во Париз ќе бидат повод за примирје во светските конфликти, повикувајќи ги спортистите да бидат гласници на мирот и пример за младите.

Олимписките игри почнуваат на 26 јули со свеченото отворање на реката Сена, на кое ќе присуствуваат околу 10.500 спортисти и над 100 шефови на држави и влади.

За време на неговото неделно обраќање пред толпата на плоштадот Свети Петар, папата Франциск рече дека се надева оти „според древната традиција, Олимписките игри ќе бидат можност да се воспостави примирје во војните, преку изразување на искрена желба за мир“.

Тој ги спомена конфликтите во Украина, Газа, Мјанмар и други земји, велејќи дека „не смееме да заборавиме дека војната е пораз“.

Во последната изјава по состанокот на лидерите на Групата седум (Г7) одржан во Италија минатиот месец, беше упатен едногласен повик за воспоставување примирје во глобалните конфликти за време на Олимписките игри. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан