• недела, 10 ноември 2024

Папата Франциск сака да се расветли мистеријата на девојката од Ватикан која исчезна пред 40 години

Папата Франциск сака да се расветли мистеријата на девојката од Ватикан која исчезна пред 40 години

Рим, 11 април 2023 (МИА) - Исчезнувањето на ватиканската ученичка Емануела Орланди пред 40 години, што е една од најдолгогодишните мистерии во Италија, влезе во ново поглавје.

Братот на исчезнатата ученичка се сретна со ватикански истражител овластен од папата Франциск да се обиде да го расветли случајот.

Станува збор за 15-годишната ќерка на службеник на Ватикан, која не се вратила дома на 22 јуни 1983 година по час по музика во Рим.

Главниот обвинител на Ватикан, Алесандро Диди, повторно ја отвори претходно неубедливата истрага на Ватикан во јануари, откако го наследи досието од неговиот пензиониран претходник. Постариот брат на Емануела, Пјетро и семејната адвокатка Лаура Сгро се сретнаа со Диди во Ватикан вчера попладне.

Диди рече дека папата Франциск сака „вистината да излезе на виделина без никакви резерви“ и дека римокатоличкиот лидер има „железна волја“ во однос на случајот.

Различни теории за исчезнувањето на Орландија кружат со децении. Така, во осумдесетите години на минатиот век, италијанските медиуми пишуваа дека таа била киднапирана во обид да му обезбеди слобода на Мехмет Али Агжа, Турчин затворен во 1981 година за обидот за атентат врз папата Јован Павле Втори, а таквите шпекулации беа отфрлени.

Полицијата, пак, никогаш не ја отфрли можноста Емануела Орланди да била киднапирана и можеби убиена од причини кои не се поврзани со Ватикан или дека била жртва на трговија со луѓе. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан