• вторник, 24 декември 2024

Папата Франциск повика на светска забрана за сурогат мајчинство

Папата Франциск повика на светска забрана за сурогат мајчинство

Рим, 8 јануари 2023 (МИА) - Папата Франциск денеска повика да се прекине практиката на сурогат мајчинство насекаде во светот, информира италијанската новинска агенција АНСА.

„Патот кон мирот бара почитување на животот, за секој човечки живот, почнувајќи од оној на нероденото дете во мајчината утроба, кое не може да се третира како стока“, рече Папата на средбата во Њујорк со претставниците на дипломатскиот корпус, акредитирани во Светата столица.

„Сметам дека е одвратно практикувањето на сурогат мајчинство кое го понижува достоинството и на мајката и на детето. Се заснова на материјалната потреба на мајката, за која цел се користи ситуацијата. Детето секогаш е подарок и никогаш не може да биде предмет на договор. Поради оваа причина, се надевам дека меѓународната заедница ќе одлучи да ја забрани оваа практика ширум светот. Во секој момент од своето постоење, човечкиот живот мора да се чува и заштити, додека во моментов, особено во западното општество, со вознемиреност забележувам дека културата на смртта постојано се шири, која ги погодува децата, постарите и болните под лажен изговор за сочувство“, додаде папата Франциск. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан