• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Папата Франциск: Луѓето не треба да фрлаат храна во Рим кога многу луѓе гладуваат

Папата Франциск: Луѓето не треба да фрлаат храна во Рим кога многу луѓе гладуваат

Рим, 25 октомври 2024 (МИА) – Папата Франциск денеска на римскиот бискупски собир за нееднаквоста рече дека луѓето не треба да фрлаат храна во главниот град на Италија кога многу луѓе гладуваат.

- Како да прифатиме во нашиот град да се фрлаат тони храна, а во исто време да има семејства кои немаат што да јадат, праша тој, пренесе Анса.

Папата истакна дека тоа го гледа дури и во ресторан во близина на Ватикан и додаде дека има илјадници празни места, додека илјадници луѓе спијат на тротоар. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан