• четврток, 26 декември 2024

Папата Франциск го поддржа одрекувањето од интелектуална сопственост над вакцините

Папата Франциск го поддржа одрекувањето од интелектуална сопственост над вакцините
Рим, 8 мај 2021 (МИА) - Папата Франциск го поддржа одрекувањето од интелектуална сопственост над вакцините против коронавирус, со што го поддржа и предлогот на американскиот претседател Џо Бајден, на кој се спротивставуваат некои европски земји, вклучувајќи ја и Германија. Во говорот на концертот за прибирање средства за промовирање на еднаков пристап до вакцините, Папата истакна дека светот е заразен со „вирусот на индивидуализам“. „Варијанта на овој вирус е затворен национализам што спречува, на пример, интернационализам на вакцини“, рече тој во претходно снимената видео порака. „Втората опција е кога ќе ги ставиме правата на пазарот, интелектуалниот пазар или интелектуалната сопственост пред законите на љубовта и здравјето на човештвото“, додаде папата Франциск, потсетувајќи на големиот број смртни случаи од коронавирус. паг/  

Остани поврзан