• недела, 24 ноември 2024

Папата прими здравствени работници од Ломбардија

Папата прими здравствени работници од Ломбардија
Ватикан, 20 јуни 2020 (МИА) – Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска ја одржа првата аудиенција за гости, откако во Италија е укината изолацијата воведена поради пандемијата на коронавирусот. Првите гости на папата беа здравствени работници од Ломбардија, италијанскиот регион кој најтешко беше погоден од пандемијата. - Вие бевте еден од столбовите на поддршка за целата земја. На вас кои сте тука и на сите ваши колеги низ цела Италија, упатувам изрази на почит и искрена благодарност, а многу добро знам дека сите го чувствуваат истото, рече папата во своето обраќање до лекарите, медицинските сестри и техничарите, кои носеа заштитни маски за време на приемот во Ватикан. Папата им се заблагодари и за тоа што за време на пандемијата биле „ангели“, кои, меѓу другото, им ги давале своите мобилни телефони на пациенти што умираат, кои сакале да се збогуваат со своите најблиски. Поради опасност од зараза, неделните општи аудиенции кај Папата сè уште се одржуваат без присуство на јавноста и се пренесуваат преку Интернет. јт/

Остани поврзан