• сабота, 23 ноември 2024

Папата повика на ослободување на притворената поранешна лидерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи

Папата повика на ослободување на притворената поранешна лидерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи

Рим, 24 септември 2024 (МИА) - Папата Франциск денеска повика на ослободување на притворената поранешна лидерка на Мјанмар и нобеловка Аунг Сан Су Чи и го понуди Ватикан како безбедно засолниште за неа, јавија британските медиуми.

-Побарав ослободување на Аунг Сан Су Чи и го примив нејзиниот син во Рим. Го понудив Ватикан како безбедно засолниште за да ја примиме на наша територија, рече папата во приватен разговор со језуитите за време на неговата неодамнешна 12-дневна турнеја низ Југоисточна Азија.

Светиот Отец го посети Мјанмар во декември 2017 година.

Су Чи е приведена од војската по соборувањето на владата и пучот во 2021 година. Останува нејасно каде е задржана и дали и се дозволуваат посетители.

Италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“ денеска ги објави коментарите во статија на језуитскиот свештеник Антонио Спарадо од Рим, кој присуствуваше на состаноците и пишуваше за нив со дозвола на папата.

„Иднината на Мјанмар мора да биде мир заснован на почитување на достоинството и правата на сите, на почитување на демократскиот поредок кој им овозможува на сите да придонесат за општото добро“, додаде папата.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан