• среда, 27 ноември 2024

Папата одобри изградба на соларен парк за потребите на Ватикан

Папата одобри изградба на соларен парк за потребите на Ватикан

Рим, 26 јуни 2024 (МИА) - Папата Франциск ја одобри изградбата на фотоволтаична централа за покривање на енергетските потреби на Ватикан, јавија британските медиуми.

Ватикан е најмалата земја во светот со површина од само 0,44 квадратни километри.

Понтифот (78) преку личен папски декрет наредил седиштето да биде изградено надвор од ѕидините на Ватикан, на северозападната периферија на Рим.

Областа му припаѓа на Ватикан и веќе има радиопредавателен центар за Радио Ватикан, што,  исто така, ќе се напојува од новиот соларен парк. Во папскиот декрет не е прецизирано колкав ќе биде овој парк и кога ќе биде готов.

„Мораме да преминеме кон модел на одржлив развој што ги намалува емисиите на штетни гасови во атмосферата, стремејќи се кон климатска неутралност, наведува папата Франциск во декретот.

Тој во 2015 година во својата енциклика „Лаудато Си“ предупреди на опасностите и предизвиците од климатските промени и потребата да се намали употребата на фосилни горива, додавајќи дека планетата „почнува да наликува на огромен куп ѓубре". сд/

Остани поврзан