• среда, 25 декември 2024

Папата на миса во Канада повика да заврши маргинализацијата на домородците

Папата на миса во Канада повика да заврши маргинализацијата на домородците
Едмонтон, 26 јули 2022 (МИА) - Папата Франциск денеска одржа миса пред десетици илјади верници на фудбалскиот стадион во Едмонтон, за време на посета на Канада која има за цел да се подобрат односите на Римокатоличката црква со канадската индијанска заедница по откритијата за повеќедецениската злоупотреба на домородните деца. На мисата присуствуваа околу 50.000 лица, иако многу места останаа празни на стадионот „Комонвелт“ што има 65.000 седишта. Во својата проповед папата Франциск повика на промени и иднина во која никогаш нема да се повтори историјата на насилство и маргинализација на која беа изложени домородните браќа и сестри. Ден претходно папата побара прошка од канадските „Први нации“, народите Метис и Инуити, за злосторствата извршени врз нивните деца во текот на децении во мрежата од интернати со кои раководела Католичката црква. Од 1880-тите, се проценува дека 150.000 индијански деца биле одземени од нивните семејства и сместени во интернати, а последниот бил затворен во 1996 година. Откривањето на стотици необележани детски гробници во мај минатата година предизвика скандал ширум светот - иако со години се зборува за исчезнувањето на индиските деца во Канада. сд/  

Остани поврзан