• сабота, 23 ноември 2024

Папата изрази солидарност со нападнатата католичка заедница во Истанбул

Папата изрази солидарност со нападнатата католичка заедница во Истанбул

Ватикан, 28 јануари 2023 (МИА) - Папата Франциск изрази солидарност со католичката заедница во Истанбул, која денеска беше цел на напад.

Едно лице, државјанин на Турција, загина во нападот на италијанската црква „Санта Марија Драперис“ во централниот дел на турската метропола. Нападот го извршиле двајца маскирани вооружени лица кои потоа побегнале.

„Ја изразувам мојата блискост со конгрегацијата на црквата 'Санта Марија Драперис' во Истанбул, која за време на мисата беше цел на напад во кој едно лице загина, а неколку беа ранети“, рече Папата по завршувањето на традиционалната неделна молитва на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани во меѓувреме остро го осуди нападот и изрази сочувство до семејството на жртвата. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан