• среда, 25 декември 2024

Панчев: Македонците можат да бидат пријатно изненадување на ЕУРО 2020

Панчев: Македонците можат да бидат пријатно изненадување на ЕУРО 2020
Белград, 10 јуни 2021 (МИА) - Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња Дарко Панчев оцени дека „црвено – жолтите“ се кадарни да приредат изненадување на ЕУРО 2020 што од утре до 11 јули ќе се одржи во 11 европски градови. Македонскиот состав е во групата Ц, а премиерниот натпревар ќе го игра в недела против Австрија, пред дуелите со Украина и Холандија. - Тоа не е претерано силна група. Можеме да направиме едно пријатно изненадување. Холандија е единствена репрезентација (во групата) од екстра класа, додека со Австрија и Украина апсолутно може да се надигруваме, посочи Панчев. Легендарниот голгетер, како што објави регионалниот телевизиски канал „Спорт клуб“, смета дека најсилна страна на македонската репрезентација е исклучително квалитетниот среден ред со Аријан Адеми, Елиф Елмас, Енис Барди и Езѓан Алиоски. - Ова е одлична шанса на Европа да и го демонстрираме нашиот висок квалитет. Немаме што да загубиме, ионака од нас никој ништо не очекува“, додаде поранешниот македонски репрезентативец и европски и светски првак со екипата на Црвена ѕвезда. ег/сп/

Остани поврзан