• недела, 22 декември 2024

Пантер: Не ми се допаѓа идејата за воведување плејин во Евролигата

Пантер: Не ми се допаѓа идејата за воведување плејин во Евролигата

Белград, 10 јули 2023 (МИА) - Капитенот на Партизан, Кевин Пантер објасни зошто не ја цени идејата за воведување плејин турнир во Евролигата.

 

Пантер сугерираше дека форматот за одлучување од еден натпревар во одредувањето на квалификациите за плејофот им дава предност на тимовите кои најверојатно биле послаби од конкуренцијата во текот на регуларниот дел од сезоната, но ќе имаат шанса да изборат пласман во разигрувањето за титулата со победа на само еден натпревар.

 

- Не ми се допаѓа. На календарот имаме 34 натпревари. Подобро е да се решат сите прашања на овие натпревари. Оваа лига е веќе многу конкурентна. Овде има многу силни играчи, зошто им е потребен плејин натпревар? Не знам дали плејин значително ќе ја продолжи сезоната, но и ова треба да се земе предвид. Сезоната е долга и напорна. Овие 34 средби се жестока битка. Учесниците во плејофот мора да ги одредиме според пласманот. Не би сакал да играм на никаков плејин, изјави Пантер.

 

Раководството на најелитното кошаркарско натпреварување во Европа, има намера по урнек на НБА-лигата да воведе плејин, односно, да им се даде шанса на повеќе екипи да учествуваат во разигрувањето за шампионскиот трофеј. зс/

 

Фото: ЕПА  

Остани поврзан